(ФОТО) На социјалните мрежи се шири веста дека Симпсонови предвиделе и мајмунски сипаници

На социјалната мрежа Твитер се појави клип од култната серија Симпсонови, а епизодата од 1998. година наводно се вели дека е за мајмунски сипаници, кои се актуелни денес.
Иако Симпсонови досега „предвидуваа“ многу работи – од доаѓањето на Трамп на власт во САД, појавувањето на Лејди Гага на Суперболот, но и коронавирусот и војната во Украина, се покажа дека фотографиите и видеото се лажни – односно се две различни епизоди монтирани во една.
Во дваесет и првата епизода од деветтата сезона на серијата, која се емитуваше во 1998. година, Хомер зема мајмунче кој му станува домашно милениче и главен помошник во домашните работи. Веднаш до фотографијата од таа епизода, има уште една слика од седумнаесеттата сезона на серијата, емитувана во 2005. година, на која Хомер има сипаници.
Сликите немаат врска една со друга – односно мајмунот нема никаква врска со сипаниците.

Симпсонови во минатото емитуваа серија епизоди во кои случајно имаше измислени моменти кои подоцна се покажаа како вистинити.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …