ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

На градските гробишта во Бутел, денеска (26.07.2022 година, вторник), положија цвеќиња домашни и странски делегации, во чест на загинатите пред споменикот од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот што се што се случи пред 59 години, животот го загубија 1070 наши сограѓањи, а 3000 беа повредени.

Традиционално на споменикот, венец положи делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и делегација од Советот на Град Скопје.


This image has an empty alt attribute; its file name is ДЕЛЕГАЦИЈА-ОД-ГРАДОТ-СКОПЈЕ-ПОЛОЖИ-ЦВЕЌЕ-ВО-ЧЕСТ-НА-ЗАГИНАТИТЕ-ОД-ЗЕМЈОТРЕСОТ-ВО-СКОПЈЕ-1.jpg

Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година, дадоа и делегаци од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани.


Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од дипломатските претставништва на многу земји акредитирани во државава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …