(ФОТО Вест) Тензија помеѓу две непознати групи пред Capitol mall

Пред Капитол мол десетици луѓе се во голема караница. Два различни ставови и лути изрази на лицата, но двете групи со млади деца пред молот, наместо на насилен начин, според очевидците, тензијата и проблемот одлучиле да го решат со танцување преку dance battle.

Случајните минувачи дефинитивно останаа заинтригирани и воодушевени од она кое го гледаат и од одлуката на овие две непознати групи, секако снимајќи ги и фотографирајќи ги како несекојдневна глетка. Што точно се крие позади оваа караница останува мистерија, но начинот на кој децата го решија недоразбирањето преку танц наиде на одобрување и поздрав од присутните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …