(ФОТО) Гвинет Палтроу се омажила во тајност: Обезбедување на високо ниво а сите го чекале бившиот сопруг, Крис Мартин!

Глумицата две години по разводот од Крис Мартин, фронтменот на глупата „Coldplay”, повторно застанала „на лудиот камен“.
Една од најпознатите и најомилени американски глумици, Гвинет Палтроу (46) во саботата вечер, во тајност, се омажила за својот избраник, холивудскиот продуцент Бред Фачука (47), кој инаку ја продуцирал серијата „Убиството на Ѓани Версачи“.


Тајната церемонија била приредена во раскиошна вила во хемптонс, а на венчавката присуствувале семејства, најблиски пријатели и колеги на новопечените сопружници.
Бившиот сопруг на славната глумица, Крис Мартин, фронтмен на групата „Coldplay”, од кого се развела во 2016. година, не се појавил поради закажан настап кој бил само два часа после венчавката.


Гвинет и Крис биле во брак до 2016. година


Венчавката е извршена во тајност


Како што пишуваат светските медиуми меѓу званиците биле Камерон Дијаз со сопругот, Роберт Дауни Јуниор со сопругата, Стивен Спилберг и многу други.

Никој неповикан не можел да пријде на венчавката бидејќи било ангажирано обезбедување на високо ниво.
Гвинет и сега веќе нејзиниот сопруг, се запознале во 2010. година, а врска започнале четири години подоцна. Ова е втор брак и за двајцата, а и Гвинет и Бред од првиот брак имаат по две деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …