Почина Шарл Азнавур: Крал на француската шансона

Легендарниот француски шансониер, Шарл Азнавур, починал во 94. година, потврдил неговиот менаџер.
„Француски Синатра“, како што многумина го нарекувале, продал повеќе од 180. милиони албуми а се појавил во повеќе од 60. филмови. Азнавур бил син на ерменски имигранти, роден во Париз.


Испеал повеќе од 1.200 песни на дури седум различни јазици и вкупно настапил во 94. земји во светот. Во своите стихови често се осврнувал на своето тешко детство и растење во семејство на имигранти.
Има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а во 1998. година CNN го прогласил за забавувач на векот.
Се женел три пати и има шест деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …