(ФОТО) Удомила куче а после два месеци починала: Одморот од соништата за оваа девојка се претворил во трагедија!

Младата Норвежанка, Бригите Калестед (24) во февруари со пријателите била на Филипините каде на улица видела куче скитач.
Бригите кучето го ставила во корпа на својот мопед и го однела каде што била сместена.
Го избањала, исчеткала а со кученцето си играла во градината. Тогаш се здобила со малечки гребаници од каснувањата на кученцето.
Меѓутоа, веднаш по враќањето во Норвешка, девојката се разболела. Добила беснило. Првите симптоми на оваа болест се температура и главоболка, а кога ќе се влоши настануваат халуцинации, додека дишењето е отежнато.


Никој не диајгностицирал дека добила беснило бидејќи никој не помислил дека нејзината болест би можела да биде поврзана со каснувањето на кучето.
Инаку, ова е прв случај на беснило забележан во Норвешка во последните 200. години.
Девојката била хоспитализирана неколку пати пред еден доктор да утврди за што станува збор.


Два месеци после кобното патување починала во болницата во која работела.
„Нашата Бригит многу ги сакаше животните. Се плашиме дека ова би можело да се случи и на други кои имаат големо срце како неа“, соопштило нејзиното семејство.


Беснилото е неизлечива болест, но ако не се лекува, кај луѓето може да предизвика инфекција во мозокот и на нервниот систем која е опасна по живот. Таа болест однесува илјадници животи секоја година, главно во Азија и Африка.
Иако вакцинирањето против беснило не е задолжително за норвешките државјани кои патуваат на Филипините, семејството на трагично починатата Норважанка сега повикува на измени на законот.

Екран.мк./Daily Mail
Фото: Принскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Покажала непочитување – Нападнале шведска манекенка затоа што за Ноќта на вештерките се маскирала во принцезата Дијана

Шведската манекенка Елза Хок била нападната затоа што за Ноќта на вештерките се трансформирала во …