(ФОТО) Три дена после финалето водителката на Евровизија завршила во болница

Ники де Џегер, попозната под името Јутјуб името NikkieTutorials, која беше водителка на годинашната Евровизија во Ротердам, ги извести своите следбеници на Инстаграм дека завршила во болница.
Ники снимила видео и им открила на своите милиони следбеници на Инстаграм дека завршила во болница по натпревар на кој ја водела музичката програма.


 

„Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетата, а сега сум во болница. Земам лекови за хронично заболување на цревата. Јас не избрав гламурозен живот, гламурозен живот ме избра мене“, рече таа во видеото кое го споделила на Инстаграм стори.


Ники е првата трансродна личност домаќин на Евровизија.


Победата на овогодинешниот музички натпревар во Ротердам ја однесе Италија, околу чиј пејач се крена голема помпа околу наводното користење кокаин за време на преносот во живо додека траеше соопштувањето ан гласовите.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …