(ФОТО) Прва фотка на глумицата после промената на полот и отстранувањето на градите

Канадскиот актер Елиот Пејџ, роден како жена, Елен Пејџ, на крајот на минатата година објави дека се чувствува како маж, а во меѓувреме ги отстрани двете гради за да и физички изгледа така.
Елиот објави фотографија без маица на Инстаграм, која собра над 2,2 милиони лајкови, а може да се види дека актерот сега е многу среќен и не ја симнува насмевката од лицето.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by @elliotpage


На неговите гради може да се забележат две лузни, а актерот се пофалил дека првпат носи машки гаќички за пливање.
Елиот се јавил од дворот на неговиот дом, а ова е воедно и прва фотографија откако Елен се претстави јавно како маж.
„Сакам да бидам транс и квир личност. Сите транс луѓе кои се соочуваат со навреди, угнетување и малтретирање, мора да знаат дека ве сакам и дека ве гледам. „Ќе направам се што е во моја моќ да го направам светот подобро место за живеење“, рекол Елиот.
Елиот се прослави со улогата во филмот „Тврди бонбони“ во 2005. година, а пет години подоцна го сподели и кадарот со Леонардо ди Каприо во познатиот филм „Почеток“ на Кристофер Нолан.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …