(ВИДЕО+ФОТО) Нема бели дробови, нема татко, била бездомник: Мачниот живот на Украинката од Евросонг

Настапот на електро-фолк-групата Го_А на 65-тиот Евросонг не беше ништо друго освен типичен настап на Евровизија, а за нејзината автентичност и шарм, оваа група може да и се заблагодари пред се на дамата чиј глас носи посебна енергија и тон, но и чиј поглед делува хипнотички. Станува збор за Катерина Павленко, жена која едноставно е се но не е обична.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Go_A (@go_a_band)


Она што особено го потенцираа европските медиуми последниве денови е еден многу необичен факт за оваа девојка со супериорен глас – дека Катерина нема дел од белите дробови. Затоа, воопшто не разбира од каде и е создаден гласот.
„Мојот звук не е формиран во белите дробови или бронхиите затоа што таму нема многу простор. Тој вибрира тука, некаде во мене, не знам од каде потекнува. Ме слушате како сум задишана цело време. Овде има одреден шарм затоа што можете да ме слушнете како земам воздух, иако тоа не ми прави проблем при пеењето. Можам да ја ‘фатам’ нотата и да ја чувам долго време, а не знам како тоа функционира“, рекла таа.


Катерина пораснала во Нижин, мал град со само шеесет илјади жители на северот на Украина, и само со нејзината мајка. Таа не го познавала својот татко и го побарала дури кога имала 17. години. Посетувала музичко училиште и многу рано сакала да се занимава со музика, иако нејзината околина не го сфатила тоа на време.
Татковската фигура и ја заменувала нејзиниот дедо, кој починал кога Катерина имала само шест години, по што нејзината мајка и таа останале без покрив над главата. Се снаоѓале најдобро што можеле а во еден момент живееле на градилиште.
Катерина од сите ги криела своите маки: одела на училиште секое утро, а во зима косата ја миела во училишниот тоалет – кофата со вода „дома“ била полна со мраз. Никој од нејзините соученици или наставници не забележал ништо необично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Go_A (@go_a_band)

„Тие се сомневаа дека сè не е како што треба, но никој не разбра колку е лошо. Сите беа шокирани. Се сеќавам дека ми беше тешко затоа што не сакав никој да знае. Сфатив дека… Се плашев дека ќе ми се смеат, дека луѓето ќе ме презираат. Тогаш сфатив дека всушност им е жал и сето тоа се’ влоши. Сожалувањето беше последното нешто што сакав да го разбудам кај луѓето“, истакнала неодамна Катерина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …