(ФОТО) Трачевите за аферата на претседателот не престануваат: Сите го чекаат одговорот на Меланија а таа ги замолчала на неочекуван начин!

Госпоѓа Трамп за ова свечена но и тажна пригода избрала и тоа како соодветна комбинација – сведена, но многу ефектна…
Штом претседателот на САД, Доналд Трамп, излегол од авионот и се упатил на Светскиот економски форум во Давос, сите со исчекување гледале зад него…Неговата сопруга, меѓутоа, не го следела.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, требало да го придружува својот сопруг на самитот во Швацарија, но поради „презафатениот распоред и логистички проблеми“ морала да го откаже ова патување, како што истакнала нејзината претставничка за медиуми, Стефани Гришам.
Таа, меѓутоа, сепак се појавила во јавност, и во едно издание за кое секако долго ќе се пишува во модниот печат. Меланија, имено, ненајавено го посетила Меморијалниот музеј на холокаустот. Деји меил нагласува дека ова е нејзино прво самостојно појавување, откако се појавила приказната дека Доналд, наводно, имал афера со порно глумицата Сторми Даниелс.
Белата куќа не ги поканила новинарите да ја забележат посетата на првата дама во чуеното здание во Вашингтон, туку тоа е дознаено благодарение на Твитер.


Госпоѓа Трамп за оваа свечена и тажна пригода избрала и тоа како соодветна комбинација – сведена, но и многу ефектна.
Таа облекла капут со средна должина чија монотонија на сива боја ја нарушуваат впечатливите џебови украсени со црн раб. Станува збор за струкиран модел кој ја следи линијата на беспрекорно вајаното тело на бившата словенечка манекенка и ги истакнува нејзините атрибути, но на неагресивен и ниту малку вулгарен начин.
Ова моќно парче Меланија го комбинирала со црни салонки, кои одамна се нејзин заштитен знак.

Не осврнувајќи се на коментарите, прашањата и гласините – во стил на вистинска дама, Меланија Трамп си ги продолжува обврските и повторно воодушевува.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …