(ФОТО) Тој е омилената холивудска ѕвезда чиј живот е обележан само со тага!

Се чини дека Кијану Ривс конечно успеал да го остави тажното минато зад себе и да започне одново…
Кијану Ривс (55) е една од најголемите холивудски sвезди чии филмови донеле околу 3. милијарди евра на благајните.
Тој ги фрли своите обожаватели во транс кога беше издадено третото продолжение на филмската франшиза „Бил и Тед 3“ со Алекс Винтер во кое случајно патуваат низ времето.
И’ покрај огромниот успех и армијата на обожаватели и угледот како една од најпристојните филмски ѕвезди, неговиот живот беше обележан со низа трагични настани.


Избра номадски животен стил, преселувајќи се од еден хотел во друг затоа што не можел да се смири. Медиумите честопати објавуваа фотографии од него како седи сам, како бездомник обраснат со брада и жално гледа во далечината.
Тој го отфрли холивудскиот начин на живот, честопати користел јавен превоз и никогаш не сакал да се истакнува во јавноста.
Трагедиите во неговиот живот следеа една по друга, а започнале уште во раното детство.
Имал само три години кога татко му го напуштил, а последен пат кога го видел ,имал само 11. години. Неговиот татко бил уапсен за поседување хероин и кокаин и осуден на 10. години затвор во 1994. година за да биде ослободен во 1996. година. Тие веќе не зборуваат.
„Мојот однос со татко ми е многу комплициран. Полн со болка и мизерија и има бројни несреќи и сето тоа …“, изјавил Кијану Ривс во 2000. година за „Ролинг Стоун“.


Кијану се откажал од училиште пред да дипломира, а во 1991. година, кога имал само 25. години, неговата сестра Ким добила леукемија. Во тоа време, тој добил голема можност во филмскиот свет по хит филмот „Бил и Тед“. Во 1993. година, тој бил погоден од смртта на неговиот пријател и колега Ривер Феникс. Дуото се зближило на сетот на филмот „Мојот приватен Ајдахо“.
Овој филм беше проследен со големите хитови, „Брзина“ со Сандра Булок и трилогијата „Матрикс“.
И’ покрај големиот успех, тој го одложи снимањето на продолженијата на „Матрикс“ за да се погрижи за сестра си Ким.
„Кога беше во болница тој цело време беше со неа, држејќи ја за раката. Понекогаш се чини дека тој немаше доволно доверба во себе за да се врати во љубовна врска“, изјавил близок пријател во тоа време за „People“.
До 1999 година, Ким Ривс ја победи болеста и Киану се чинеше повторно среќен кога најде среќа со девојката Џенифер Симе, исто така актерка.



Се чинеше дека немаше крај на среќата кога Џенифер забремени, но во шестиот месец од бременоста ја дознаа најлошата вест. Дека малата Ава, како што планираа да ја викаат, починала во утробата на нејзината мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …