(ФОТО) Тој е најсексапилен маж на светот: „Мајка ми ќе биде среќна“

Американскиот магазин „People“ неодамна спроведе анкета во врска со машката убавина. Верните читателки, но и читатели ја дале својата пресуда, па актерот Крис Еванс го прогласиле за најсексапилен маж на светот.
Во интервју за споменатиот магазин, Еванс истакнал дека не се надевал на ова признание, но, откако веќе го доби, сигурен е дека „мама ќе му биде среќна“.
„Таа е горда на се што правам, но понекогаш премногу се фали со тоа“, истакнал тој и низ смеа додал дека оваа титула ќе биде причина и за неговото малтретирање од неговите блиски пријатели.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


А што вели мама?
Па, може да се каже дека мајката е исклучително горда на досегашните достигнувања на својот син и дека не е изненадена што оваа титула му припаднала на синот.
„Воопшто не сум изненадена од оваа вест“, изјавила таа за People.


View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


Крис Еванс исто така истакнал дека почнал да размислува за својот живот надвор од актерството, живот кој ја вклучува следната фаза од животот – бракот и родителството.
„Тоа е апсолутно нешто што го сакам, но тоа се работи што сакам да ги задржам за себе и за моето семејство“, заклучил тој.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …