(ФОТО) ТОА ТИ ГО ДОЛЖАМ ТЕБЕ: Интервјуто на Алек Болдвин предизвика бројни реакции, тој се огласил и испратил порака

Актерот и глумец, Алек Болдвин, дал ексклузивно интервју за ABC News, што е негова прва изјава по трагедијата на снимањето на филмот и предизвика лавина од коментари.
Зборовите како „Не го повлеков чкрапалото“ предизвикаа бројни реакции кај луѓето, некои позитивни, но некои негативни, што беше причина актерот да се огласи на Инстаграм. Алек објави фотографија на која во раце го држи своето мало синче, а со таа фотографија искажа колку му значи неговото семејство, особено сега.
– Без разлика што ќе ми се случи. Колку и да патам. Ако победам или загубам, било што. Било што. Никој не може да ја одземе радоста и љубовта што ми ги подари ти Хиларија. Ова се тешки времиња. Светот е задушен од испарувањето на омраза. Но ти ми даде причина да живеам. Нашиот живот со нашето семејство е единственото нешто што ми е важно. Ништо друго. Тоа ти го должам тебе“.
Алек и Хиларија имаат шест деца – Кармен (8), Рафаел (6), Леонардо (5), Ромео (3), Едуардо (1) и Лусија (9 месеци). Тој е и татко на актерката и модел Ајерланд Болдвин.

Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …