(ФОТО) ТАЖНО – Вдовец покажал каде спијат неговите деца: „Имаме четири спални соби, а ова сме ние…“

БРЕНДОН Јанус останал вдовец по 10. години брак. Неговата сопруга Рејчел Мари Јанус починала од последиците на рак во март 2020. година и зад себе оставила три деца кои сега ги воспитува самиот Брендон.
Една од неговите објави во која покажал како спијат неговите деца стана вирална и собра 10.000 лајкови на Фејсбук.
„Живееме во куќа со четири спални соби. А, ова сме ние. Секоја вечер и секое утро. Ова сме ние. Некогаш се бортев против тоа. Им велев дека ова не е здраво. Им реков дека е подобро да се одморат во нивните кревети. Дека нивните кревети се поудобни од мојот под. Никогаш не успеав. Без разлика што ќе кажев“, напишал тој покрај фотографијата од три деца кои спијат на подот до неговиот брачен кревет.


„Пред два февруари, секоја вечер ја поминував на подот, покрај болничкиот кревет на Рејчел. Луѓето ми велеа да си одам дома. Да се ​​одморам. Да си дадам шанса. Дека креветот би ми бил поудобен од подот. Никогаш не успеа. Без разлика што ќе кажеа“, продолжил тој.
Му требале две години, а сега разбира зошто неговите деца претпочитаат да ги менуваат удобните кревети за подот во неговата спална соба.
„Никој не можеше да ме убеди да ја напуштам Рејчел. Што и да кажеше некој, требаше да бидам покрај неа. Немаше место каде што се чувствувам побезбедно отколку на подот, требаше да бидам веднаш до неа”, додал тој.
Затоа денес повеќе не им приговорува на своите деца.
„Поминаа две години откако ја загубија својата мајка. Стана прилично јасно дека до мене е местото каде што ќе бидат. И дека ниту едно место не им обезбедува сигурност како подот веднаш до мене“, заклучил Брендон.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …