(ФОТО) Тажна судбина на жената со гулабите од филмот „Сам дома“: Приказната која ја споделила крши срца!

Бренда Фрикер, позната по улогата во филмот „Сам дома 2“, каде ја играше жената со гулабите, изјавила дека претстојните празници за жал нема да и бидат убави.
Бренда Фрикер (75), која е позната по филмот „Сам дома 2“, открила дека Божиќ ќе го помине сама.
Жената со гулаби, како што ја паметат љубителите на култната комедија, зборувала во радио емисијата на Реј Дарси за тажните претстојни празници. Актерката, која го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот „Моето лево стапало“, рекла дека ќе и поминувата од ден на ден со исклучен мобилен телефон, спуштање на ролетните на прозорците и лежење покрај своето куче.
„Сега имам 75 години и би лажела ако кажам дека ќе имам убав и среќен Божик затоа што сум од оние луѓе кои се стари и живеат сами, па овој период може да биде многу мрачен“, рекла таа.


“Го исклучувам телефонот и ги спуштам ролетните. Однапред снимам неколку добри програми и имам куче, па го поминувам тој период”, рекла Бренда.
На почетокот на оваа година, актерката открила дека го фрлила својот Оскар на дното на базенот во Конемара во 1989. година. Инаку,Бренда од 1979 до 1988 година, била мажена за Бери Дејвис, која починал две години по нивниот развод.
Фрикер еднаш призналадека не била на неговиот погреб затоа што ја снимала серијата „Невести Христови“ во Австралија и договорот не и дозволувал да се врати дома.


“Станав хистерична и ги спакував куферите кога добив повик дека тој починал. Тие не сакаа да ме пуштат дома затоа што му бев поранешна сопруга. Не знам каде е погребан и не сакам да знам”, рекла таа во едно интервју во 2015 година.
Таа објаснила дека не сакала да знае бидејќи срцето и било скршено на парчиња, па открила дека се развеле поради неговиот алкохолизам.



“Бевме лудо заљубени и покрај сè. Тој секогаш беше прекрасен и интересен човек. Но, тој стана алкохоличар и не можев да живеам со него. Ни разводот не го исплаши, а после тоа продолживме да се гледаме затоа што бевме вљубени”, рекла Бренда.
Бери починал откако паднал по скалите, а актерката истакнала дека тој го заслужува признанието за нејзиното прифаќање на улогата во филмот „Моето лево стапало“ и освојувањето на Оскар.


„Го фрлив сценариото врз толпата, а тој го зеде и рече дека морам да го снимам тој филм затоа што тоа ќе ми го промени животот“, рекла Бренда.


Фото: www.imdb.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …