(ФОТО) Џенифер Лопез се откажала од бракот: „Околностите ни дадоа прилика малку подобро да размислиме – можеби сепак не е судено!“

Венчавката на Џеј Ло и Алекс Родригез е откажана до ново известување, а многумина се прашуваат што се случува во врската на славната двојка?
Џенифер Лопез неодамна признала дека таа и Алекс се откажале од нивната венчавка.
Многумина биле шокирани од нејзиното последно интервју во кое таа покрена шпекулации. Во емисијата кај Енди Коен, Џеј Ло зборувала за нејзините планови и открила дека таа и Алекс се откажале од свадбената церемонија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


„Се зависи од личните ставови – дали сакате воопшто да го направите тоа? Сфативме дека нема причина да брзаме. Беше многу тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни во Италија. Планиравме сè детално. Значи, во март или април со трепет гледавме на сè што се случуваше околу нас. Свадбата нема да се случи. Италија беше најлошото место во светот во тоа време, и таму требаше да се венчаме. Тогаш реков: ‘Добро, мора да откажеме сè’, била искрена Џенифер, додавајќи дека после тоа планирале свадба за крајот на оваа година. Сепак, околностите повторно не им дозволиле да го сторат тоа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Разочарана од сè, Џеј Ло се прашувала дали воопшто се судени еден на друг. Како што посочила, околностите им дозволиле да размислат за сè добро и да одлучат да ја откажат церемонијата до ново известување …
„Беше многу разочарувачки“, била искрена Џеј Ло, која подоцна признала дека откажувањето на венчавката им дала можност да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина.
„Работите ќе се случат кога ќе бидат судени, но тогаш мислите: Дали воопшто го сакаме тоа? Околностите ни дадоа можност да застанеме и да размислиме за тоа”, рекла Џенифер и додала дека нивната венчавка е „сепак важна”, но повеќе не им е проблем да чекаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Нејзиното искрено признание ги подгреа сомнежите дека во позадина има проблеми кои Џенифер не може да ги преболи. Која е вистинската вистина, ќе го дознаеме во оментот кога свадбите и венчавките повторно бидат дозволени …

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …