(ФОТО) Татко се бори за живот бидејќи синот излегувал со друштвото па цело семејство го заразил со КОРОНА!

Џон Плејс е три недели во одделот за интензивна нега. Неговиот син ги игнорирал советите на родителите и се дружел со пријателите без маска за лице.
Мажот се бори за својот живот откако бил заразен со коронавирус од неговиот син, кој одбил да ги слуша советите на родителите и да носи маска. 21-годишникот се дружел со друштвото, така што ковид-19 бил доведен дома и заразил пет члена на семејството.
Иако неговата маќеа Мишел Зимет и трите деца се опоравиле после три недели, тато Џон Плејс, инаку дијабетичар, завршил во болница.
„Секој пат кога син ми ја напушти куќата, го молиев да понесе маска, да ги мие рацете. Тој ме увери да не се грижам и дека сè ќе биде добро“, изјавила Мишел за 7 News Miami..


Џон (42) веќе три недели е на одделот за интензивна нега. Тој бил симнат од респиратор пред неколку дена, но неговата битка сè уште трае.
„Тој се бори буквално секоја минута“, додала Мишел, која смета дека е најтешко што не може да го посети.
„Сите сме позитивни на ковид. Никој не може да излезе од куќата. Не можеме да одиме никаде, не можам да го видам мојот сопруг. Тешко е и исплашена сум“.
Мишел ги повикува другите да носат маска и да ги мијат рацете што е можно почесто.
„Ова не е шега. Тоа е опасен, смртоносен вирус и никој не е имун“, заклучила таа.


Gepostet von Michelle Zymet am Mittwoch, 15. Juli 2020

Џон сè уште има потешкотии со дишењето и повремено му треба кислород. Семејството, исто така, организирало crowdfunding кампања за да собере пари за болничките сметки. Досега собрале над 35. илјади долари, а целта е 50. илјади.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …