(ФОТО) Тајната на блескавата кожа на Меган Маркле

Козметичарките кои ги посетува Меган Маркл, експертите за убавина Кејт Самервил и Џоана Варгас, ја истакнуваат важноста на ритуалите како што се пилинг, хидратација и формули со ретинол.
Првиот и најважен чекор е чистење на лицето, ако имате мрсна кожа, тогаш е двојно, ако е сува, исчистете ја само еднаш, изјавила Самервил, еден од познатите американски козметичари каде оди Меган Маркл.
Вториот важен чекор е пилингот, за кој Самервил посочува дека е најдобриот начин да се отстрани слојот на мртви клетки од лицето и да се остави тој препознатлив сјај на кожата.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Покрај физичките, одлични се и хемиските пилинг со АХА киселини, бидејќи го изедначуваат тенот и го прават сјаен и мазен.
По чистење и пилинг, потребно е кожата да се хидрира со серуми и креми, а практичната формула е тоник.
Во текот на целата година, важна е негата на крем со заштитен фактор, за да неправилностите во хиперпигментацијата да не се појавуваат на лицето, особено ако користите пилинг со АХА киселина.
„Предлагам маски за лице, а маските полни со активни состојки се одличен додаток за нега“, истакнува другата омилена козметичарка на Меган Маркл, Џоана Варгас од Лос Анџелес.
Од клучните состојки, таа предлага ретинол, кој е неопходен во третманите против стареење.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го …