(ФОТО) ТАГА – На глумицата од „Мојата голема мрсна православна свадба“ и починал таткото: Поради коронавирусот не можела да оди на ПОГРЕБ!

Ниа Вардалос, која се прослави за улогата во „Мојата голема мрсна православна свадба“ поради острите мерки и самоизолација, не била во можност да оди на последното испраќање на нејзиниот татко.
Нејзиниот татко, Гус Вардалос, починал и таа не можела да биде присутна во неговото последно испраќање поради епидемијата на корона вирусот.


“Ние сите бевме таму за Божиќ. Тој седеше на каучот, среќен и се движеше, но не можеше да трча маратон. Имав чувство дека тоа беше тоа. Тој момент се случи меѓу мене и татко ми кога се збогувавме. Мислам дека тој ми рече ‘ова е навистина збогум’“, изјавила таа.
Ниа можела да разговара со него преку телефон затоа што тој бил во болницата.
“Медицинската сестра го држеше телефонот и јас му се заблагодарив за неверојатниот живот што ми го даде. Му реков дека тој е џентлмен и голем татко. Мамо го држеше за рака и му рече дека е добро и дека слободно може да си замине”, изјави таа.
Починал на 12 март. За жал, поради самоизолирање и забрани за патувања, Ниа не можела да присуствува на неговото последно испраќање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …