(ФОТО) Сцена од Автобуска која го расплакала Балканот:„Оставаш нешто за што се живее“

Фотографијата на млад пар на автобуската станица во Тузла, пред три дена, предизвикала многу реакции на социјалните мрежи.
Со оглед на тоа што и многумина од Македонија биле присилени да заминат во странство бидејќи тука не можеле да најдат работа, има многумина кои се препознале во оваа глетка.
„Слика и глетка на млад пар во прегратка, прегратка после која следи разделба. Тој заминува во свет, заминува барајќи нешто што тука не го нашол. Ги остава својата жена и дете кое не е ниту свесно дека тато заминува, а тоа мало суштество вози кадифена играчка по станицата, тато ја прегрнува со росен поглед. Во глетката која траела неколку моменти има многу тестови кои не се положени. Паѓа на тестот она јакото машко, се прчи, за да на крај пушти солзи. Всушност како да е битно колку си машко, оставаш нешто за што се живее, кому е битно колку си машко. Паѓа државата на тестот, онаа држава која треба сите да не прегрне за да сме на купче, онаа држава која треба да ви каже дека сте нејзини синови, дека вам ви е тука местото. Паднало сешто нешто, но ништо толку тешко како разделбата“, напишал авторот на фотографијата, Ирдин Бечировиќ.


Stanica Tuzla.Sati 10:30.Dana 01.07(ponedjeljak)Slika i prizor mladog para u zagrljaju, zagrljaju nakon kojeg…

Gepostet von Irdin Bećirović am Montag, 1. Juli 2019


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …