Луиз Портон (23) од Велика Британија ги убила своите две деца, бидејќи и пречеле во работата со која се занимавала, односно проституцијата, пренесува Daily Mail.
Таа прво на 15. јануари 2018. година ја убила тригодишната ќерка Драпер Лекси, а 18. дена подоцна и пресудила и на нејзината сестра Скарлет Вон, која имала само 16. месеци.
Луиз после стравичните злосторства на 24. ноември 2018. година на својот профил на Фејсбук објавила две нивни заеднички фотографии покрај кои напишала:„Анѓелите прерано одземени од мама. Никогаш нема да ве заборавам. РИП“.
mommy's angels taken from me too soon.you will never be forgotten ❤️🔒R.I.P. 💕😇
Gepostet von Louise Porton am Samstag, 24. November 2018
Таа работела како модел, а потоа и била понудена работа како проститутка. Меѓутоа, децата и пречеле бидејќи и биле товар, бидејќи и стоеле на патот на нејзиниот стил на живот. Овие тврдења биле изнесени на судењето, како што пренесува Daily Mail.
Лекси била пронајдена без свест, додека Скарлет мртва била донесена во болница. На поротата на судот и било кажано дека девојето било убиено од мајката која намерно и го запрела дишењето.
Медиумите пренесуваат дека мајката, кога ќе одела по својата работа, имала обичај децата да ги остава сами и дека сакала да биде што подалеку од нив. Кога Лекси првпат завршила во болница била без свест и докторите мислеле дека станува збор за инфекција на белите дробови.
Gepostet von Louise Porton am Montag, 24. Oktober 2016
Тогаш никој и не помислувал дека мајката се обидела да ги убие своите деца. Вториот пат Лекси престанала да дише и била мртва пред Луиз да повика Брза помош.
Докторите изјавиле дека мајката не покажувала никакви емоции а на поротата и било кажано и дека неколку часа после случајот Луиз со другата ќерка е видена во продавница.После 18. дена и’ втората ќерка ја донела во болница, но таа веќе некое време била мртва.
Докторите не пронашле природни причини за смрт и во двата случаи станувало збор за намерна опструкција на дишните патишта. Без оглед на сите обвинувања, Луиз не се чувствува виновна, а судењето продолжува.
Екран.мк/Daily Mail
Фото: Принтскрин Фејсбук