(ФОТО) Спасен Силјаноски: „И плаче и пее, може ли заедно?“

Спасен е многу популарен во татковината но и секаде каде што има македонски иселеници…
„Ова го може само човек со чисто срце а за пеење да не праиме муабет“ му напиша еден фан.


Имаше многу реакции на неговата објава, ви пренесуваме една:
„Спасене, само ти можеш такви емоции да пробудиш кај нас македонците и да допреш до нашите душа и срце и да измамиш и солзи и радост во исто време но и да ја пробудиш и носталгијата кај нашите сонародници во туѓината за да не се чуствуцаат осамени и далеку од својата родна грутка Македонија.Ти си природен талент со глас полн со емоции кој не може никого да го остави рамнодушен“.
„Огромна чест и задоволство е да се пее пред илјадна публика 🤗 Огромно благодарам на Македонското друштво Пирок од Пајерн-Швајцарија за нивната покана и за нивниот срдечен пречек. Огромно БРАВО за нивната беспрекорна организација. Навистина беше чест и задоволството да се гостува на една ваква манифестација. Уште еднаш благодарам и на сите гости кои беа присутни на нашиот концерт. По тоа што го видов се надевам дека сите си поминаа прекрасно 🤗🤗🤗. Верувајте во еден момент понесен од атмосверата и од позитивната енергија која што ја почувствував за време на мојот настап, почнаа да ми капат солзи кои неможев да ги запрам… Солзи радосници ☺️☺️☺️ Ве сакам 🤗🤗🤗“, напиша Спасен на Фесјбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …