(ВИДЕО) МУЗИКАТА КАКО БЕГСТВО ОД ПЕКОЛОТ – Украински пијанист им свири на луѓето во скривницата: Надвор е страшно!

„На сите им се допаѓа и сите ми велат дека свирам одлично, но знам дека не сум толку добар. Знам дека не ми верувате, но дури пред три месеци почнав сериозно да свирам”.
Додека руските сили ги напаѓаат градовите низ Украина, многу луѓе се преселија во засолништата или подрумите на зградите на безбедно, со исклучок на пијанистот Максим.
Максим за Би-Би-Си го раскажал своето искуство од свирење во овие кризни времиња.
„Кога гледам надвор, слушам куршуми кои прават врева“, рекол тој.
„Всушност ,навистина е страшно. Секоја вечер кога ќе заспијам, часовникот ми кажува дека пулсот ми е 100 во минута. Затоа сфатив дека ми треба релаксација и одмор”, додал тој, објаснувајќи како го зел клавирот на својот син и почнал да свири во засолништата.

„На сите им се допаѓа и сите ми велат дека свирам одлично, но знам дека не сум толку добар. Знам дека не ми верувате, но дури пред три месеци почнав сериозно да свирам”.
„Се надевам дека наскоро во прифатилиштето ќе засвири некој кој ќе знае подобро од мене и дека ќе пееме заедно, а дотогаш за тоа сме задолжени само јас и децата“, заклучил тој.


Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …