Public Room: Денот на жената го славиме со Дина Јашари и другари

На 8-ми Март во Public Room со почеток во 21 часот ќе ја гледаме Дина Јашари заедно со другари со специјален настап по повод Денот на жената.
Дина Јашари е несомнено една од најсветлите млади ѕвезди на Македонската музичка сцена која минатата година, покрај бројните настапи на музичките фестивали низ Македонија, успеа да го издаде и свето прво EP насловено „Дома”.

This image has an empty alt attribute; its file name is dina-jasari.jpg


По повод меѓународниот ден на жената на 8-ми Март, по кратка пауза, за прв пат ќе настапи во Public Room со својот бенд, односно – со своите другари. Картите се во ограничен број, а веќе се пуштени во продажба на веб-страната и во продажната мрежа на MK Tickets.

Ова е првиот од низа настапи на Дина во текот на овој месец. Таа наскоро ќе и се претстави на публиката во соседството со самостојни концерти во Белград и Загреб.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …