(ФОТО) Момче од Украина само пристигнало во Словачка. На раката имал наишан број на мобилен телефон

СЛОВАЧКАТА полиција објави фотографии од 11-годишно момче кое дошло на границата со Словачка од Запорожје, градот каде што руските сили во петокот гаѓаа нуклеарна централа.
Момчето избегало само со торба и со број на мобилен испишан на раката. Носел и пасош.
„Дојде потполно сам затоа што родителите морале да останат во Украина. Волонтерите се погрижија за него, го згреаа, му дадоа да јаде и пие. Исто така му подготвија се и за патувањето.Сите ги освои со својата насмевка!Тој е бестрашен и решителен, вистински, вистински херој“, напишала словачката полиција на својата Фејсбук страница.


Од полицијата потврдиле и дека благодарение на бројот на раката и пасошот на момчето успеале да стапат во контакт со неговите роднини, кои подоцна дошле да го земат и се грижеле за него.
„Ние сме во солзи. Ова е најголемиот херој синоќа“, додала словачката полиција. Нивната објава предизвика многу реакции, а многумина ги растажи приказната.
„Херој е слаб збор за ова момче. Неговото детство нема да му остане во добро сеќавање, му посакуваме се најдобро“, „Ниту едно дете не треба да го доживее ова. Солзи ми течат додека го читам ова“, „Да ги оставиш твоите родители и да одиш во непознатото е навистина голема работа, многу храбра“, се само дел од коментарите под објавата.
Многу коментатори посакаа момчето што поскоро повторно да биде со родителите.
Инаку, повеќе од милион бегалци ја напуштија својата земја од почетокот на инвазијата.

Фото: Принтскрин/Facebook/Polícia Slovenskej republiky


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …