(ФОТО) СОПРУГИТЕ ГИ СКАРАЛЕ БРАЌАТА: Хари и Вилијам не се дружат…

Според документите кои ги објавиле британските медиуми, Кејт и Вилијам законски го промениле називот на организацијата во Кралската фондација на војводата и војвотката од Кемриџ…
Принцот Вилијам (37) и војвотката од Кембриџ,  Кејт (37) го преименувале името на својата хуманитарна организација и така „служено се одвоиле“ од Меган Маркл (37) и принцот Хари (34).
Според документите кои ги објавиле британските медиуми, Кејт и Вилијам законски го промениле називот на организацијата во Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ. Тоа е последен чекор во раздвојуавњето на Хари и Меган од бившата заедничка добротворна организација откако го прекинале основањето на сопствената фондација Sussex Royal.
Извори од Кралската палата демантирале дека има кавга помеѓу браќата и нивните животни сопатнички. Браќата ја основале Кралската фондација во 2009. година, а Кејт се придружила две години подоцна откако се момажила за Вилијам, додека таа оттогаш е клучен дел од нејзината работа.
Ова не е единствен пат браќата да се одвојуваат. Имено, Меган и Хари имаат свој профил на Инстаграм, одвоен од Вилијам и Кејт. Стручњаците кои го следат кралското семејство рекле дека тоа го направиле намерно за да што повеќе им се приближат на следбениците.
Односно, станува збор за тоа дека Меган и Хари често сами ги пишуваат своите објави под фотографиите, додека за Вилијам и Кејт тоа не е случај. На парот тоа му го прават стручњаци од нивниот тим.
Злобниците велат дека сопругите се среќни што ги одвоиле браќата само за себе. Војвотката од Сасекс на тоа инсистирала уште откако се омажила за принцот, и тоа затоа што бившата глумица не научила да живее во големо семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …