(ФОТО) Сопругата на Алек Болдвин открила: Се плашам да не развие ПТСП…

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, открила што направила прво откако слушнала за несреќата на сетот во кој Алек случајно ја застрелал снимателката Халина Хачинс.
Хиларија вели дека ги спремила нивните шест деца и влегла во автомобилот.
„Не знаев каде одам, само возев“, изјавила таа за New York Post за време на ексклузивно интервју во Вермонт.
Хиларија рекла дека цел ден возела барајќи место надвор од очите на јавноста, пред да се смести во градот Манчестер во Вермонт. Таа се надевала дека ќе успее да ги заштити сопругот и децата од медиумите. Во интервјуто таа открила и дека се грижи за психичката состојба на Алек.


View this post on Instagram

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin)


„Го донесов Алек овде да ја оплакуваме смртта на Халина. Му се случи навистина трауматично нешто и се обидувам да го спречам да развие ПТСП. Погледнете што се случува со војниците и полицајците кога ќе се случи нешто вакво, тоа е трауматично. Дојдовме тука поради тишината“, рекла таа.
Запрашана дали Алекс повторно ќе глуми, Хиларија била полна со надеж, но не можела да каже ништо со сигурност.
„Му треба простор и јас да се грижам за него и за неговото ментално здравје“, рекла таа. „Тоа е страшна работа што се случи. Алек се чувствува ужасно“, заклучила таа.
На својот Инстаграм профил Хиларија објави и фотографија на која сопругот го држи за рака.
„Те сакам и тука сум“, напишала таа во описот.


За потсетување, Алек вчера по несреќата првпат се обрати до медиумите.
„Таа ми беше пријателка, таа ми беше пријателка… Денот кога стигнав на сетот, ја однесов на вечера со режисерот, бевме тим кој работеше одлично. А потоа се случи овој ужасен инцидент“, рекол видно потресениот актер меѓу другото.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …