Print

Свечено затворање и доделување на наградите на MФФ „Киненова”

Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Кинотека на Северна Македонија, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 6. издание на МФФ „Киненова”.
Жирито на официјалната селекција (главна натпреварувачка програма) на овогодишното шесто издание на МФФ КинеНова го сочинуваат-Претседател на жирито: Петар Валчанов, членови: Зане Балчус и Владимир Ангелов, а за кратките филмови на овогодишното шесто издание на МФФ КинеНова одлучуваат- Претседател на жирито: Мехмет Бахадир ЕР, членови: Петар Станојловиќ и Никола Поповски.
Изминативе денови публиката можеше да погледне долгометражни и кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на работилници, панел дискусии, разговори со режисерите.
На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот COLLECTIVE/КОЛЕКТИВ на Александар Нанау / Alexander Nanau /  Романија / НАГРАДА ЛУКС.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …