(ФОТО) Службените фотографии од кралскиот пар го разнежниле светот: Меган Маркле првпат дел од семејниот портрет

Откако Кенсингтонската палата го направила истото, фотографот и ученик на славниот Марио Тестини, Алекс Лубомирски, кому му била доделена честа да го овековечи моментот на кралскиот пар на нивната венчавка, на својот Инстаграм профил објавил службени фотографии на принцот Хари и Меган Маркле со остатокот од семејството, како и романтичната фотографија на која вљубениот пар позира за својот венчален албум.
Принцот Хари и неговата животна избраничка Меган Маркле ги објавиле службените фотографии од венчавката кои веќе се наречени како најинтимни портрети во историјата на кралското семејство. Кенсингтонскта палата на својот профил на Твитер објавила три фотографии од кои две со семејството а на третата пресреќните младенци се сами.
За милиони обожаватели ширум Велика Британија и светот кои заедно со нив покрај малите екрани го прославиле нивниот ден, кралскиот пар порачал дека се чувствува „пресреќно“, на што на нивниот голем ден сведочеле многу луѓе, околу две милијарди.

Убедливо најубава фотографија која ги освоила срцата на обожавателите е онаа на која Меган и Хари седат, прегрнати, на скалите на источната тераса на дворецот Виндзор.
Иако станува збор за кралска венчавк, не е заобиколено ниту традиционното сликање на младенците со остатокот на семејството, па така е објавен и семеен портрет на кој, новопечените војвода и војвотка од Сасекс, се покрај кралицата Елизабета Втора, принцот Филип,, принцот Чарлс и Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и преслатките принцеви и принцези кои на венчавката имале улога на девери и деверуши.


Ова е воедно и првпат Меган Маркле да е дел од службениот кралски портрет, како и нејзината мајка Дориа Регланд која на венчавката стасала сама, татко и бил спречен поради здравствени причини, а остатокот на семејството не бил поканет.
Во истата зелена соба во Виндзор, Меган Маркле и принцот Хари се сликале со своите десет неодоливи девери и деверуши кои на денот на венчавката „скоро им го украле „шоуто“.. На фотографијата освен кралскиот пар се и принцот Џорџ, принцезата Шарлот, Брајн Малрони, Реми Лит, Џаспер Дер, Иви Мулрони, Џон Мулрони, Зејли Впорен и Флоренс ван Катсем.

Службените фотографии на принцот Хари и Меган Маркле ги потпишува 42. годишниот фотограф Алекс Лубомирски, инаку ученик на славниот Марио Тестини, пријател и омилен фотограф на принцезата Дијана кој поради недамнешниот скандал поврзан со сексуалното насилство на естрадната сцена не бил сметан за добар избор.

„Кралскиот пар е воодушевен со службените портрети кои ги сними Алекс Лубомирски и среќен што може да ги подели со јавноста. Исто така би се заблагодариле на сите дарежливи пораки кои ги примиле“ објавиле од Палатата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …