Британскиот глумец Хју Грант познат по улогите на заводник во романтичните комедии, наскоро ќе се венча со партнерката, Швеѓанката Ана Еберстајн со што ќе ја предаде титулата на веќен ерген, пренеле британските медиуми.
На Грант кој има 57. години тоа ќе му биде прв брак, додека на неговата идна сопруга (39) втор. Двојката која е во врска шест години има три деца.
Таблоидот „The Sun“ пренел дека венчавката ќе биде одржана за три недели, што е обично рок откако младенците во општина ќе поднесат барање за венчавка. Весникот додал дека Грант и неговата партнерка неодамна поднеле такво барање.
Хју Грант кој има многу врски зад себе, од кои најпозната е онаа со глумицата Лиз Харли, последните години како да живееше на два колосека. Паралелно со идната сопруга бил во врска и со кинеската глумица Тиглан Хонг со која има две деца.
(ФОТО) Познатиот заводник после пет деца решил да се жени – на 57. години
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.