Американските папараци успеале да ја сликаат славната манекенка Ирина Шајк во прошетка со петмесечната ќеркичка Леа де Сеин, која во почетокот на април ја добила со актерската ѕвезда Бредли Купер.
Бидејќи двојката во јавност скоро никогаш не ги објавува деталите од приватниот живот, фотографиите на бебето, кое многумина го нарекле – најубаво бебе во Холивуд – се вистинско
изненадување.
Во потполно природно и лежерно издание овие денови на улиците на Лос Ангелес е сликана руската манекенка Ирина Шајк, додека во прегратка ја држи својата петмесечна ќерка Леа де Сеин.
Иако медиумите ретко ги гледаат, ова е веќе трет пат како славната анѓелка на Викторија е видена во излегување после породувањето, без својот партнер Бредли Купер.
Атрактивната бринета во „домашно“ издание и без грам шминка со својот изглед го пленела вниманието, а нејзиното девојче делувало многу заиграно и среќно.
Инаку, пред неколку недели, 31. годишната манекенка земала мал одмор од мајчинските обврски и со најдобрите пријателки патувала во Европа.
Тогаш сме можеле да ја видиме во родната Русија, каде девојките го искусиле ноќниот живот, а потоа се опуштале бањајќи се во Мртво море.
Нивната авантура завршила во Ерусалим, кој посебно ја воодушевил младата мајка. „Незаборавно патување“ напишала под фотографијата објавена на нејзиниот приватен профил на Инстаграм.