(ВИДЕО) Македонката воодушевила со трансформацијата во ТЛЗП!

Српските медиуми на големо пишуваат за почетокот на новата сезона од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“.
Како и изминатите сезони, така и оваа, гледачите може да очекуваат многу изненадувања, интересни познати натпреварувачи, но и членови во жирито.
Минатата година Македонија ја однесе победата, односно Даниел Кајмакоски се покажа како најдобар во имитација, а пак годинава Македонците ќе навиваат за нашата позната пејачка со српска адреса – Тијана Дапчевиќ.
Па така, откако лани се проба како жири во шоуто за танцови таленти, сега ќе застане од другата страна на сцената и ќе ги покаже своите актерски и пејачки способности. За претстојниот проект и турбо периодот кој и следи , Тијана се пофали на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб преку видео во кое ја имитира Лепа Брена, а колку е маестрална во тоа, погледнете во продолжение:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …