Холивудската актерка Енди Мекдауел повторно и повторно ја воодушевува публиката со својот природен изглед, но и со својата харизма која не избледува ниту во седмата деценија.
Енди заедно со колешките Ева Лонгорија и Џема Чан се појавила на модна ревија на модната недела во Париз, организирана од L’Oréal. По тој повод облекла фустан со светки, а нејзиниот впечатлив изглед на пистата ги воодушевил сите.
Да потсетиме, актерката која се прослави со филмовите „Четири свадби и погреб“ и „Зелената карта“ пред неколку години се прости од фарбаната коса за да го истакне својот природен изглед.
„Се сакам себеси таква каква што сум. Се чувствувам навистина удобно. И на многу начини моето лице сега е повпечатливо. Само чувствувам дека ми одговара“, објаснила таа.
View this post on Instagram
„Веќе некое време велам дека е време да ја направам таа транзиција, бидејќи чувствував дека е соодветно за мојата личност и за тоа која сум јас. Моите менаџери ми рекоа дека не е време. А јас им одговорив: ‘Мислам дека грешите, ќе бидам помоќна ако прифатам која сум во моментов. Време е, бидејќи за две години ќе имам 65. Ако не го направам тоа сега, нема да имам можност да имам ‘сол и бибер’ во мојата коса, а тоа е она што отсекогаш сум го посакувала“, изјавила за Vogue пред неколку години.
View this post on Instagram
Таа исто така истакнала дека мисли дека сега изгледа помладо затоа што изгледа поприродно.
„Се плашев, но откако конечно се ослободив, никогаш не се чувствував помоќно. Се чувствував искрено. Како да не се преправам.А, и не се преправав, бидејќи тоа сум вистинската јас“, заклучила познатата актерка.
Фото: Принтскрин/Instagram