Ана де Армас многумина ја сметаат за една од најубавите актерки на денешницата, а го толкува ликот на познатата Мерлин Монро во новиот хит на Нетфликс „Blonde“.
Со руса коса и лесна шминка, Армас неверојатно личи на познатата Мерилин. Ова е продолжение на нејзината позната кариера, пред тоа имаше улога во Џејмс Бонд, во филмот „Нема време за умирање“.
Нејзината приказна е успешна. Имено, таа во САД дошла на 25. години, а англискиот јазик го научила за само неколку месеци.
View this post on Instagram
– Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор. Требаше само брзо да го совладам англискиот јазик – истакнала таа во едно од интервјуата.
Ана де Армас е родена во Куба, во градот Санта Круз дел Норте. Нејзините баба и дедо се Шпанци, кои и дале шпанско државјанство. Така што живеела во Мадрид, како 18-годишна.
View this post on Instagram
Таму веќе станала позната актерка, во серијата „Интернат“, која се снимала од 2007. до 2010. година.
После тоа, таа заминала во САД и решила да го оствари американскиот сон. Очигледно и успеало, бидејќи сега Армас е во фокусот на светската јавност, а улогата на Мерлинка и донесе голем скок во кариерата.
Моментално е една од најбараните актерки во Холивуд, па за очекување е да ја очекуваат уште слични улоги.
Фото: Принтскрин/Instagram