(ФОТО) Ситуација која никому не е лесна – Непријатна средба со бившиот маж: На славната пејачка воопшто не и било сеедно!

Иако средбата изгледала срдечно, не се дружеле и седеле секој на својата страна…
Пејачката Гвен Стефани (48) пред три години се развела од Гевин Роздејл (52) бидејќи тој упорно ја измамувал.

Гвен во меѓувреме напишала и објавила цел албум за тоа и со колегата Блејк Шелтон (41) пронашла среќа. Со Роздејл има три сина – Кингстон (11), Жуму Неста Рок (9) и Аполо Боуви Флин (4), а поради нив со бившиот сопруг останала и’ во добри односи.
Но, со бившиот сопруг се сретнала на фудбалскиот натпревар на нивниот најстар син, Кингстон, во Санта Моника. Пејачката дошла сама, а Гевин ја повел својата нова девојка, Софија Томала, со која е во врска од минатиот јули.
Иако средбата изгледала срдечна, не се дружеле па откако натпреварот почнал си седеле секој на својата страна.
Гвен со кантри пејачот во врска е две години, а почнале да се забавуваат само неколку месеци откако таа поднела барање за развод од Роздејл.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …