Уживајте додека е можно: Од утре „Глорија“ носи нови промени на времето

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -2. до 4. степени, а дневната од 12 до 22 степена.
Во текот на ноќта недела кон понеделник ќе има услови за сосема локализиран краткотаен дожд и услови за ретки грмежи и токму ова ќе биде само најава на приближувањето на циклонот Глорија кој ќе ја зафати нашата држава во понеделник особено попладнето и вечерта.
Утре во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4. до 10. степени, а дневната од 14. до 21. степен.
Во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …