(ФОТО) Топол леб на кинење: Нема да ви треба ништо друго!

Толку добар што можете да го јадете и како самостоен оброк.
Сите љубители на топол леб од пекара сигурно ќе го засакаат и овој полнет леб на кинење. Може да се послужи со некое јадење, но исто така и како предјадење бидејќи е специјалитет сам за себе
„На кинење“ во насловот се однесува и на киење на тестото за време на подготовката, како и на тоа дека овој леб не се сече со нож, туку со уживање се кине со раце.
Состојки: 450 г брашно, 1 свеж квасец, 1 лажица шеќер, 300 мл млеко, 75 г. сушени домати, 200 г сирење, 20 г рендан пармезан, 1/2 лажичка сув босилок, масло, сол, црн пипер.
Втор фил: кришки шунка, кришки жолто сирење, кечап, кришки леб.
Подготовка: во помал сад ставете го млекото, додајте шеќер, издробен квасец и измешајте. Оставете да стаса. Во поголем сад ставете го брашното, насолете, направете вдлабнатина па додајте го стасаниот квасец, убаво измешајте со дрвена лажица, а потоа измесете. Обликувајте во топка и оставете да стасува на топло, покриено со крпа.
Сушените домати исечете ги на парчиња.Сирењето издробете го со вилушка и додајте во доматите заедно со боислокот – измешајте.
На работна површина наросена со брашно премесете го стасаното тесто. Исечете на 8 еднакви делови и од секој направете топче.
Од секое топче расукајте кора со пречник од 10 см. На првата кора нанесете фил, превиткајте на половина да наликува на месечина. Истото направете го со сите топчиња тесто.
Тавата за печење намачкате ја со масло и ставете ги полумесеците од тесто. Намачкајте ги со млеко. Наросете со рендан пармезан, сусам…Ставете во рерна загрена на 200 степени и испечете.
Втора варијанта: расукајте едно топче тесто, на дното ставете кришка леб, малку кечап, покријте со кришки жолто сирење,кечап и шунка. Покријте со другата кора тесто, убаво затворете ги краевите, горната кора подвлечете ја под долната и испечете на ист начин. Овие лепчиња намачкајте ги со изматено јајце и наросете со сусам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …