Вечерва, на националниот дневник, МТВ ќе ги претстави песната и спотот на „Ај Кју“ за Евровизија

МРТ спотот на „Ај Кју“, македонскиот претставник на „Песна на Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија, ќе го претстави вечерва во централниот дневник…
Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19:30 часот. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата, Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.
Евровизиската песна со наслов „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63.ттото издание на Евровизија, коешто годинава се одржува од 8.до 12. мај во Лисабон, Португалија, за првпат премиерно ќе биде прикажана вечерва,недела на 11. март.
Ај Кју настапуваат во втората половина на Првата полуфинална вечер на 8. мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„На одмор сум, во Скопје сум“ – Настан со најразновидни активности за сите деца

Во организација на општина Центар, од денес започнува големо дружење секој ден со различни активности …