Првата дама на САД, Меланија Трамп објавила дека нејзиниот 14-годишен син Барон Трамп бил позитивен на вирусот корона.
Најмалиот Трамп нема симптоми на болеста, објавила неговата мајка.
Во изјавата Меланија рекла дека нејзиниот син првично бил негативен откако било потврдено дека таа и претседателот на САД се заразени, но по неколку повторени тестови, Барон исто така добил позитивен резултат.
„Тој беше тестиран негативно за наше олеснување, но повторно, како што мислеа многу родители во претходните неколку месеци, не можев да престанам да размислувам што ќе се случи утре или задутре. Моите стравови се обистинија кога тој повторно беше тестиран и кога беше позитивен“, рекла Меланија.
Таа додала дека Берон е „силен тинејџер“ и дека нема никакви симптоми.
Открила дека нејзиниот син се чувствува добро и дека тој е „моментално негативен“ за новиот вирус на короната.