(ВИДЕО) КАМЕРИТЕ СНИМИЛЕ УЖАСНА НЕСРЕЌА: Со автомобил се забил во градина на ресторан – една жена загинала!

Една жена починала, а седум лица билетешко повредени кога возачот на теренецот влетал во градината на ресторан во Сан Хозе во неделата.
Десетици луѓе седеле во бавчата на кафулето во трговскиот центар кога возачот, кој се обидувал да се паркира, згазна на гаста и налетал на градината уништувајќи сè пред себе. Тој со џипот срушил тенди и најмалку 20 маси. Иако брзата помош брзо пристигнала на самото место и ги пренела повредените во болница, за несреќната жена немало спас. Таа починала во болницата во понеделникот.


Според полицијата,со „Тојота“ управувал маж (69), кој исто така морал да биде медицински згрижен. Во несреќата се здобил со полесни повреди.
Безбедносните камери го забележале моментот кога возачот прелетал над работ на паркингот, минал преку четири ленти, друг тротоар и удрил во градината на ресторано.
Властите соопштиле дека оваа трагедија можеби не би се случила ако ресторанот уредно поднел уредно барање за дозвола за градина. Имено, доколку ресторанот ги имал потребните дозволи, градината би била оградена со столпчиња и безбедносни жардиниери, што би го спречило навлегување на теренецот меѓу гостите.
Сè уште не е познато зошто возачот нагазил на гаста и зошто не закочил кога видел како преминува преку улица и во градината. Од друга страна, не е познато дали тој ќе одговара кривично за нанесените тешки телесни повреди, односно смрт на едно лице, со оглед на тоа што ресторанот ги немал потребните дозволи за отворање на градината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …