(ФОТО) Симон Трпчески ги освои Американците: Среде Њујорк „го развеа македонско знаме“ како поддршка на Столе, Кире и другарите на СП во ракомет

„Еден од најпознатите граѓани на Македонија без резерва е Симон Трпчески кој е роден во главниот град на Македонија и каде што е неговиот дом…“
Маестро Трпчевски е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” и излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на Олимпијада.
„Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019“, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.
Трпчевски споделува текст на американски медиум насловен “Трпчевски го вее знамето за поддршка на неговата татковина, Македонија”.


„Еден од најпознатите граѓани на Македонија без резерва е Симон Трпчески кој е роден во главниот град на Македонија и каде што е неговиот дом.
’Имам семејство и пријатели таму, и животен стил кој ми одговара бидејќи е добар баланс со сите активности во мојот распоред. Навистина сум среќен што доаѓам од земја со таков менталитет бидејќи мислам дека балансот во реалниот живот е многу важен’, вели Трпчески за весникот.
Не е изненадувачки што Трпчески гаи голема љубов кон својата татковина и што тој е битен амбасадор за Македонската култура. Во 2017. тој го промовираше ’Македонисимо’ програма која содржи транскрипции од традиционалната македонска музика и има петчлен ансамбл кои вклучуваат: пијано – Хидан Мамудов, кларинет, саксофон и кавал – Влатко Нушев, виолина -Александар Краповски, чело – Александер Сомов и перкусии – Влатко Нушев.“, пишуваат меѓу другото во американскиот медиум…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …