(ФОТО) Швајцарски научник предупредува на супер сој на корона

Швајцарскиот научник Саи Реди предупредил на опасноста од нов „супер сој“ на вирусот корона, што може да предизвика голема загриженост во светот во следните шест месеци.
Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, тој рекол дека мутацијата на делта сојот е неизбежна.
„Тоа е нова фаза на пандемијата кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од соеви на делта. Тоа ќе биде голем проблем следната година“, рекол Реди.
Според него, „ковид -22“ може да биде полош од сето она што светот го видел досега во борбата против корона вирусот.

Реди смета дека науката и политиката веќе мора да се подготват за такво сценарио.
„Ако се појави таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да ги прилагодат на тоа“, додал Реди.
Тој верува дека претстојат шест тешки месеци и дека следната есен и зима ќе бидат исти како и минатата година.



Кој е професор Саи Реди?
Саи Реди (41) е вонреден професор по Systems and Synthetic Immunology at ETH Zurich in the Department of Biosystems Science & Engineering (D-​BSSE, Basel, Switzerland) Тој е главен истражувач на Лабораторијата за системи и синтетичка имунологија…
Повеќе за работата на овој професор можете да прочитате ТУКА!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …