Највисокиот човек во САД, Игор Вовковински, почина во американската држава во Минесота на 38 -годишна возраст – беше висок 234,5 сантиметри.
Неговото семејство објави дека Игор починал од срцев удар во петокот на клиниката Мајо во Рочестер, објави „Си -Би -Ес“.
Мајката, Светлана Вовковинска, медицинска сестра на интензивна нега на клиниката Мајо, ја објавила веста за неговата смрт на Фејсбук.
Роден е во Украина, а на Клиниката Мајо дошол во 1989. година на лекување, бидејќи туморот ја притискал неговата хипофиза и предизвикал лачење на абнормални количини на хормон за раст.

Вовковински се појави во телевизиското шоу „Доктор Оз“, по што поранешниот американски претседател Барак Обама го повика на митинг во 2009. година, кога забележа дека Игор носи маица со натписи „Највисок фан на Обама“.
На 27 -годишна возраст, Вовковински беше прогласен за највисок човек во Америка во изборот на Гинисовата книга на рекорди во Њујорк.