(ФОТО) ШТО МАЛЕР ЌЕ БЕШЕ – Пропаднала и’ третата веридба: Сиена Милер раскинала со дечкото

Актерката Сиена Милер, наводно, ја прекинала врската со девет години помладиот дечко Лукас Звирнер, девет месеци откако ја запросил.
Фотографите ја фатиле Сиена на почетокот на оваа година со веренички прстен на раката, а според „Page Six, нивната врска пропаднала. Извори блиски до парот рекле дека токму актерката го напуштила младото момче.


Тие беа во врска една година пред Лукас да ја запроси, но деталите за врската ги чуваа приватни.



Живееја заедно и ја планираа венчавката долго време, но деталите за врската и што всушност тргна наопаку засега не се познати.
Ова е трет пат познатата актерка да ја раскинува свршувачката. Сиена Милер претходно беше свршена со Том Стариџ, од кого се разделила во 2015. година, а со него ја има ќерката Мерлоу.

Сепак, нејзината најпозната љубовна врска била онаа со Џад Ло, со кого се помируваше и раскинуваше неколку пати, а исто така беа и верени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …