(ФОТО) ЕД ШИРАН СТАНАЛ ТАТКО: Славниот пејач на ќеркичката и дал необично име а се има врска со една книга!

Пејачот Ед Ширан и неговата сопруга Шери Сиборн објавија дека е родена нивната ќерка, наречена Лира Антарктик Сиборн Ширан.
“Минатата недела, со помош на неверојатен тим, Шери го роди нашето прекрасно и здраво девојче Лира Антарктик Сиборн Ширан. Ние сме целосно заљубени во неа. И мама и бебето се одлични и ние сме на седмо небо. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност на ова Ви испраќаме љубов и ќе се видиме кога ќе дојде време да се вратам“, им порачал Ед на фановите.
Гордите родители, според британските медиуми, се одлучиле за ова необично име инспирирано од омилената книга на Ширан „Неговите мрачни ткаења“ од Филип Пулман.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …