Стивен Колфилд од Ирска,пред 23 години, се обидел да најде девојка на необичен начин.
Стивен се обидел да најде животен партнер на најромантичен начин, многумина би рекле, тој испрати порака во шише.
Неговата порака била пронајдена неодамна во близина на неговата куќа во Ко Даун. Тој фрлил шише со писмо во морето на 5. јануари 1999. година, на кое пишувало:
– Имам 22 години. Ве молам пиши ми ако си девојка. Благодарам!
Писмото не стигнало до егзотичните земји како што се надевал, туку е откриено е во Дандрум, во близина на Ко Даун.
Anyone know this fella? Someone found this in a bottle in Dundrum. pic.twitter.com/E0NcUzLVhB
— North Belfast Lady 🇮🇪🎅🦌🦃🎄🎶 (@NBelfastLady) December 19, 2021
Шишето го пронашол тој што ја објавил содржината на писмото на Твитер и на тој начин стигнал до неговиот сопственик.
Стивен им ја објасни на медиумите поентата на испраќањето на оваа интересна порака:
– Се надевав дека ќе оди малку подалеку. Заборавив на тоа.Тоа беше направено кога бев тинејџер. само да видам до каде ќе стигне (малку беше смешно). Мојата сопруга и децата се смеат поради тоа – ја објаснува ситуацијата Стивен, а пренесува The Sun.
Сега 44-годишникот потврдил дека сопругата не ја запознал преку допишувањето од шишето.
Фото: Илустрација