(ФОТО) Балкански фестивал во Измир: Младите фолклористи од Ростуше ги презентираа македонскиот фолклор, традиција и обичаи

Фолклорна група од Средното Општинско Училиште „Маврово – Ростуше“ од Ростуше од 10. до 15. овој месец учествуваше на големиот Балкански Фолклорен Фестивал што се одржа во турскиот град Измир.
Главниот настап фолклорната група го имаше на централниот плоштад во Измир, на кој присуствуваа повеќе илјади македонски иселеници кои живеат во Турција, а младите рекански фолклористи беа нагредени со бурни аплаузи, овации и скандирања со извикување на името на Ннашата држава Македонија.

Покрај секојдневните настапи на главниот градски плоштад во Измир, Фолколрната група имаше секојдневни настапи на различни локации во Општини кои се дел од Измир каде што преку ора и песни го пресликаа Долнореканскиот фолклор, традиција и обичаи, и како единствени претставници од Македонија имаа чест како културни амбасадори пред големата балканска публика преку македонски ора и песни да ја презентираат и богатата Македонска традиција и култура.
На фестивалот учество зедоа и ансамбли од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово, Грција, Бугарија, Романија и Турција.


Извор и фото: mavrovoirostuse.gov.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …