Сестрата на британскиот тинејџер Џек Фентон, кој загина откако беше искасапен од хеликоптер во Грција, возврати на тврдењата дека нејзиниот брат несовесно ги прекршил безбедносните прописи и ја предизвикал сопствената смрт.
British man, 22, killed instantly after being struck by high-speed rotor blade of a Bell 407 helicopter. Jack Fenton was on holiday in Greece and was travelling back from Mykonos. After disembarking, he paced back to the heli to take a selfie despite people shouting to stop him. pic.twitter.com/0vNgi1cDDq
— Chocolate Cake (@SweetDarkLayers) July 26, 2022
Грчките власти вчера сугерираа дека младиот човек да се упатил кон задниот дел од хеликоптерот за да направи селфи и веднаш починал.
Сепак, неговата помлада сестра Дејзи (20) ги отфрлила извештаите како „ѓубре“, велејќи дека нејзиниот брат бил „внимателен“, но не бил соодветно информиран од пилотот Христос Фрагкопанагос или од копнениот екипаж.
„Тоа беше првото возење на Џек со хеликоптер. Тогаш можете да замислите колку бил внимателен и свесен. Сè друго, дека тој трча по асфалтот и ги крши протоколите е ѓубре. Зошто? Затоа што немаше протокол. Никогаш не им беше кажано што да прават а што да не се прави“, тврди неговата сестра.
Таа додала дека никој не знае што го натерало да оди кон хеликоптерот. “Можеби заборавил нешто. Но, лага е дека се вратил да направи селфи”, тврди таа. Дејзи зборувала и за тоа каков е нејзиниот брат.
„Џек не беше некое богато, непријатно дете. Тој беше поканет на овој одмор. Тоа беше неговото прво возење со хеликоптер во неговиот живот”, рекла таа.
Дејзи изјавила дека нивните родители Мигел и Викторија и другите членови на семејството биле во Велика Британија, а дека во хеликоптерот што го придружувал Џек бил таткото на еден од неговите пријатели, бизнисменот Робин Стентон Гливс.
Во групата имало вкупно шест лица. Другите се вратиле во Обединетото Кралство доцна во вторникот.
Таа рекла дека нејзиното семејство не планира да оди во Грција.
„Чекаме неговите посмртни останки да бидат пренесени во Британија, но сè уште не знаеме кога ќе биде тоа“, рекла таа.
Фото: Принтскрин/Facebook