(ФОТО) СЕ УНИШТИЛА СО ОПЕРАЦИИ – Стивен Сигал „бил луд по неа“ кога нила најубава жена во Холивуд: Сега е деформирана и не излегува од изолираната куќа во брдата на Лос Ангелес!

Кели Ле Брок, американска глумица во пензија, со слава се здобила како модел после што станала најпосакувана жена во Холивуд, во осумдесеттите, благодарение на улогите во филмовите „Women in Red” и „Weird Science”.

Кели денес има 59. години и ретко се појавува на црвениот тепих и јавни настани. Меѓутоа, кога ќе се појави она што присутнте прво го забележуваат е нејзиното непрепознатливо лице, кое било на бројни естетски зафати и операции. На изгледот влијаеле и зависностите поради кои глумицата можела да го загуби животот.

Кели со 16. години почнала да работи како модел, а со 19. завршила на насловните на престижниот моден магазин „Вог“. Набргу потоа пристигнале и првите понуди за филмови и кариерата на глумица и почнала во голем стил.

Кели е позната и по турбулентниот брак со јунакот на бројните акциони филмови, Стивен Сигал, кој траел од 1987. до 1996. година и со кого добила три деца.

„Одлучив да го напуштам Холивуд за да ги одгледувам децата далеку од камерите и љубопитните погледи. Не сакав да ги гледаат, ниту да ги почувствуваат негативните последици од мојот развод. Така заминав во брдата каде буквално живеев во дивина, без телевизор, полни 24. години“, изјавила Кели во едно интервју.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …