(ФОТО) Се огласиле Шакира и Пике – ставиле точка на гласините!

Светските медиуми изминативе денови пишуваа за разделбата на пејачката и фудбалерот, како и дека разделбата е поради прељуба и дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишната хостеса.
Шакира и Пике решиле да стават крај на гласините и испратиле заедничко писмо.
Тие објавија дека по 12. години врска, и две деца се разделуваат, а тоа го објавија во заедничко писмо собрано од агенцијата EFE.
„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, рекле тие.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна започна пред 12. години на Светското првенство во Јужна Африка. Тие имаат два сина од дванаесетгодишна врска, Милан и Саша.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …